Surprise Me!

TОШЕ ПРОЕСКИ - Емотивна изведба од името на хуманоста

2013-11-27 1 Dailymotion

Скопје 21.12.2006. Универзалната сала
Со силни вресоци, скандирања на неговото име и првите тактови на „По тебе" почна двочасовната забава со песна и музика што Тоше Проески завчера, од името на хуманоста, ја приреди во Универзалната сала во Скопје.
Концертниот простор беше претесен за да ги собере сите што сакаа да уживаат во песните на големата ѕвезда и да пеат заедно со него.
Меѓу публиката беа и неговите верни обожаватели, лицата со посебни потреби,
за кои Тоше отсекогаш беше и денес е најголема ѕвезда. За тоа сведочеа и неколкуте транспаренти на кои пишуваше „Тоше те сакаме" и „Тоше, ти си нашата најголема ѕвезда"!